„Тој доаѓа“ – нова кампања на ДУИ! Кој доаѓа?

од Вести365.МК | С.З.

Слоганот „Да, тој доаѓа“ се најде на социјланите мрежи споделуван од активисти на ДУИ. Шпекулациите се дека можеби станува збор за кампања со која партијата го најавува доаѓањето на премиерот Албанец во техничката влада или сличен проект.

ДУИ нема дадено објаснување за значењето на слоганот.

ДУИ во 2020 година, имаше кампања за премиер Албанец на парламентарните избори со слоганот „Псе јо“, во превод, „А зошто да не?“.

Вицепремиерот Артан Груби неодамна во интервју за косовската телевизија Дукаќини изјави дека договорот меѓу Али Ахмети и Зоран Заев за албански премиер, важи и во новата влада на Димитар Ковачевски.

Кој доаѓа?!

Слични објави