Тошковски останува на чело на МВР, интерпелацијата не помина

од Вести365.МК Ј.Р.

Во Собранието не помина интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски која беше поднесена од Левица.

20 пратеници гласаа „за“, а 72 беа „против“, по што спикерот Африм Гаши констатираше дека Собранието “не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“.

Во интерпелациите беа посочени 10 точки од кои 5 се однесуваа на трагедијата во Кочани и дискотеката „Пулс”. Останатите точки се однесуваа на скандалот со знамињата, марихуаната во Карбинци, а беше посочено и апсењето на припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски.

Интерпелацијата се разгледуваше во текот на вчерашниот ден додека родителите и роднините на загинатите деца и млади во Кочани одржаа протестен “Марш за ангелите” на кој побараа одговорност за сите структури во системот вклучително и за активни функционери и полициски началници во чиј мандат се случи трагичниот пожар во кој загинаа 62 луѓе, а над 190 се повредени.

Слични објави