Тошковски: Несериозна е изјавата на Бојмацалиев за убиството на лекарот од Железара

од Вести365.МК | М.Т.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски го поддржува апелот на Основното јавно обвинителство за расветлувањето на случајот со убиениот матичен лекар од Железара. Побара од сите институции вклучени во случајот да не навлегуваат во детали кои можат да ја загрозат истрагата.

За изјавата на неговиот заменик Митко Бојмацалиев рече дека е „несериозна и непрофесинална“.

-Не би можел да навлегувам во деталите што се преземаат од страна на МВР, рече Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања, апелирајќи да се внимава што се говори во јавноста, со цел да не се наштети на истражните дејствија.

Претходно Бојмацалиев во емисија, кратко изјави дека телото на лекарот Ацо Трповски било донесено во неговиот автомобил пред поликлиниката во Железара, а дека убиството се случило на друго место.

Слични објави