Компанијата Тесла изрази желба да произведува електрични автомобили и батерии во Индија.
Претставниците на Тесла разговарале со индиските владини претставници за стимулациите што Индија им ги нуди на компаниите, како и за модалитетите на соработка, изјави добро информиран извор за Ројтерс.
Тие разговараа и за индиските даноци за увоз на автомобили, а претставниците на Тесла најпрво сакаа да дознаат повеќе за локалните стимулации за изградба на нова фабрика за електрични возила, додаде истиот извор.
Минатогодишните преговори меѓу Тесла и Индија не вродија со плод.
Компанијата Тесла тогаш побара од Њу Делхи да ги намали царините за увоз на автомобили, но Индија не го прифати тоа, потсетува британската агенција.
Минатата година Индија сакаше Тесла да произведува електрични возила во таа земја, но американската компанија сакаше прво да го тестира индискиот пазар со увезени електрични автомобили.