На барање на советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска телефонски разговарал со Шоле, во присуство на заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, соопштија од Владата.
Шоле се заблагодарил за покажаното лидерство на Република Северна Македонија и на премиерот Ковачевски како домаќин на состанокот меѓу Србија и Косово во Охрид.
„Премиерот Ковачевски и советникот Шоле, разговараа за повеќе актуелни прашања, со фокус на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, пришто беше потврдена континуираната поддршка од САД за заложбите на државата за исполнување на критериумите за влез во ЕУ, како и обезбедување стабилност, просперитет и економски развој на тој пат“, информираа од Влада.