Таткото на загинатата Фросина: Срамна пресуда, убиецот Васо и тројцата сведоци со него се светци

од Вести365.МК Ј.Р.

Пресудата е срамна, Убиецот Васо и останатите тројца во автомобилот со него се светци, а загубата на животот на Фросинче е едноставно небитно, рече таткото на загинатата Фросина Кулакова по денешната пресуда со која возачот Васил Јованов кој ја прегази Кулакова беше осуден на 12 години затвор.

-Дали они ја знаеја казната за разлика од претходното рочиште кога беа вкочанети? Затоа во држава во која дилерите на дрога и немилосрдните убијци се прогласуваат за светци, спортисти и посветени студенти, според зборовите на одбраната, а беше прифатено од судијата, таква е и срамна пресудата. Убиецот Васо и останатите тројца во автомобилот се светци, а загубата на животот на Фросинче е едноставно е небитно. Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа држава – рече Кулаков кој на излегување од судницата на родителите на Васил им порача „Каде ќе ви оди душата, Господ ќе ве казни“.

Тој рече дека „никој не обрнал внимание на повеќето сведоци кои биле прикриени и должни да одговараат пред законот за уништување на клучни докази, како совозачот Лорен кој додека се возеле, снимал со неговиот телефон и потоа таа снимка ја избришал“.

-Лорен е син на познат скопски кафанџија и затоа ја има целата заштита од системот. Судот е чиста мафија и вакви убијци ги штити и такви пресуди носи. Наместо Лорен како клучен сведок да добие кривична пријава за уништување на докази за убиство…Многу поголема ќе беше казната за Васо, но и за другите тројца во возилото. Овој систем ги сокри и треба да одговара за соучество во убиство – додаде Тодор.

-Ова не е правда. Ова е уште една шлаканица за сите кои веруваат во морал, во закон, во човечност. Моето дете – мојата Фросина – е згасната на најсуров начин, а нејзиниот убиец, дури и со признание и со криминално досие, денес доби милост. Каква порака испраќаме? Дека живот вреди помалку од зборови и препораки? Оваа казна не е правда – ова е понижување на жртвата и на сите нас што се бориме за вистината, за правдата, за човечноста – рече мајката на Фросина, Камелија Кулакова.

Слични објави