Таравари не знае дали ќе има поддршка од Курти

од Вести365.МК | М.Т.

Градоначалникот на Гостивар и претседателски кандидат на албанската опозициска коалиција, Арбен Таравари, вели дека на средбата со премиерите на Косово и Албанија, Аљбин Курти и Еди Рам, разговарал за актуелните настани во Северна Македонија. Тој во интервју за косовскиот портал „Kallxo“ додал дека и Рама и Курти се на иста линија, за европскиот пат

-И двајцата ја поддржуваат идејата дека треба да дадеме се од себе и да бидеме во идната влада само ако има уставни измени, да не дозволиме поделба, рекол Таравари, пренесува „Kosovo Online“.

Зборувајќи за неговиот однос со Курти, Таравари посочил дека неговата партија го поддржала и на изборите во 2020 година.

-Не поддржаа на изборите во 2020 година, ако се сеќавате, беа доста активни во поддршката на коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците, но сега не го прашав Курти дали ќе имаме поддршка. Немам право да му кажам да ме поддржи ако смета дека не треба, изјавил Таравари.

Парламентарните избори во Северна Македонија ќе се одржат на 5 август заедно со вториот круг од претседателските избори. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април.

Слични објави