Таравари викнал на средба членови на Собранието на Алијанса пред седницата која ја свика Села

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ќе го претрка Зијадин Села кој го свика централното собрание во сабота.

Според информациите Таравари свикал средба со членовите на централното собрание уште утре.

Таравари за ТВ21 потврди дека за утре закажал средба со членовите на Централното собрание на партијата.

На прашањето дали е точно дека за утре е закажана средба со членови на Централното собрание во Куманово, Таравари кусо одговорил: „Да, точно е“.

Дел од членовите на Собранието на партијата Алијанса за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со Арбен Таравари.

Од партијата известуваат дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, туку се работи за собир и состанок.

Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, велат од Алијансата. Во сабота, партијата треба да донесе одлука дали ќе настапи самостојно на парламентарните избори, за што се залага Села, или пак, ќе биде дел од коалицијата на албанскиот политички блок, составен од Демократското движење на Изет Меџити, Беса на Билал Касами и Алтернатива на Африм Гаши, како што се залага Таравари

Слични објави