Талевски: ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата изборна измама во последните 30 години

од Вести365.МК | М.Т.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски преку реплика го обвини неговиот колега Ѓорѓија Сајкоски дека партијата ВМРО-ДПМНЕ ги излажала граѓаните на изборите.

-Ја направивте најголемата изборна измама во последните 30 години. Чесно е да кажете дека ги излажавте граѓаните дека ќе го поништите Преспанскиот договор и дека ќе го вратите старото име. Вашиот претседател на партијата сега вели дека нема проблем државата да се вика Република Северна Македонија.

Со вувузели овде свиревте и критикувавте, а вашиот потпретседател сега вели дека не барате промена на Преговарачката рамка со ЕУ. Целта ви била само за да дојдете на власт и да ги заземете удобните позиции, кажа меѓу другото Талески во обраќање од собраниската говорница.

Пратеникот од СДСМ се осврна и на критиките упатени кон ДУИ од страна на партијата на Христијан Мицкоски.

-Цело време плукавте за ДУИ, а седнавте со нив да преговаравте и го изгласавте Законот за реорганизација на државата управа и зголемување на бројот на министерствата, додаде Талески.

Слични објави