Такер Карлсон: Дебата за главните прашања во американските медиуми едноставно не е дозволена

Поголемиот дел од дискусијата во мејнстрим медиумите во САД е ирелевантна и неверојатно глупава, додека клучните теми за војната, демографските промени, корпоративната моќ, слободата не се споменуваат“, вели познатиот американски новинар кој доби отказ од Фокс Њуз.

„САД многу личат на еднопартиска држава. Тоа е депресивно сознание, но не е трајно. Нашето сегашно „православие“ нема да трае. Овој момент е премногу смешен за да продолжи“, изјави Такер Карлсон, еден од најпопуларните американски новинари.

Двете големи политички партии во САД „постигнаа консензус за тоа што им користи и сега активно се договараат“ за да ја затворат секоја значајна дискусија. Американскиот естаблишмент „се откажа од убедувањето“ и сега „прибегнува кон сила“ со зголемена цензура, смета Карлсон.

Сега веќе поранешниот новинар на Фокс њуз објави видео, негово прво откако ја напушти телевизијата, во кое наведува дека искрената дебата за главните прашања во американските медиуми едноставно „не е дозволена“.

Карлсон ги критикуваше мејнстрим медиумите во САД, велејќи дека повеќето дискусии на ТВ емисии се „неважни“ и „неверојатно глупави“ додека клучните прашања не се решаваат.

„Неоспорно, големите прашања, оние кои ќе ја дефинираат нашата иднина, практично воопшто не се дискутираат – војна, граѓански слободи, нова наука, демографски промени, корпоративна моќ, природни ресурси. Кога последен пат сте слушнале легитимна дебата за која било од тие прашања, праша Карлсон и додаде дека одамна немало такви дебати бидејќи не се дозволени во американските медиуми.

Карлсон пред неколку дена ја напушти Fox Corporation, а вредноста на оваа компанија потона за повеќе од 500 милиони долари веднаш откако беше објавено дека телевизиската куќа се разделува со главниот водител.

Такер Карлсон во ударен термин беше домаќин на информативна програма на „Фокс њуз“, која беше и најгледана меѓу Американците на возраст од 25 до 54 години.

Акциите на Фокс паднаа за 2,9 отсто по веста за разделбата.

Слични објави