Сѐ почести пријави за појава на змии во Скопје

од Вести365.МК Ј.Р.

Жителите на неколку скопски населби деновиве со загриженост пријавуваат појава на змии во нивните дворови и на јавни површини. Граѓаните од населбата Карпош беа особено вознемирени откако една змија беше фотографирана на тераса на стан во овој дел од градот.

Скопје, за жал, во последниве недели се претвори во вистински змијарник. На секој чекор може да се забележи неискосена трева која достигнува и до половина метар височина. Ваквите запуштени зелени површини се идеален дом за змиите и другите влекачи, кои наоѓаат совршено место за криење и размножување

.„Градот буквално личи на една голема дива ливада. Не се сеќавам кога последен пат видов косачи на трева во нашата населба”, вели жителка на Карпош 3. „Се плашиме да ги пуштиме децата да играат во парковите бидејќи никогаш не знаеме што може да се крие во високата трева.”

Слични објави