Судот го прифати обвинението против Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје.
„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К.
Со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот, а кога ќе биде насрочен термина за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“ се наведува во соопштението од судот.