Судир на два воза: 14 вагони излетале од шините во Русија

Во Русија 14 вагони на товарен воз кој превезувал јаглен излетале од шините на делницата Алеур-Бушулеј на Забаљкалската железница, поради судир со празен воз кој сообраќал во спротивна насока, соопшти руското министерство за вонредни ситуации.

Сообраќајот е запрен во двата правци, пренесува ТАСС. Нема повредени и нема опасност по околината.

Руските железници соопштија дека неколку патнички возови доцнеле поради инцидентот.

Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај.

Слични објави