Студентите ќе го БЛОКИРААТ Скопје

од Вести365.МК Ј.Р.

МОН преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш, туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град, најавуваат од Студентски отпор.

Веќе влегуваме во третиот месец од новата година а МОН нема ниту едно ветување исполнето односно:

Во соопштението на Студентски отпор се вели дека МОН не ги почитува законските рокови и ветувањата: се доцни со исплата на субвенциониран студентски оброк, студентоте кои се прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, се доцни и со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата, не е почната ветената реконструкција на студентските домови.

„Преговорите за новиот закон за студентски оброк се одвиваат нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво. Најнова информација од МОН е дека до 15 март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор“, соопшти Студентски отпор.

Слични објави