Студено утро, попладне сончево со температура до 16 степени

од Вести365.МК Ј.Р.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Минималните температури ќе се движат од -3 до 4 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од 11 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла.Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од 1 до 13 степени.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.

Слични објави