Страв и неизвесност кај родителите на деца со хемофилија поради промена на лекот

Соња Димовска, чиј син има 13 години и тешка форма на хемофилија стравува затоа што лекот што момчето го примало 12 години ќе биде променет поради нов тендер што Министерството за здравство го склучил со нова фирма.

 Таа за „Слободен печат“ вели дека од стариот лек се многу задоволни и дека секое менување на лекот е нов стрес, за тоа како ќе делува и дали од него ќе се развие резистенција.

Станува збор за лек што го спречува и контролира крвавењето. Од Министерството и од Институтот за трансфузиона медицина за „Слободен печат“ велат дека никаков медицински проблем со набавката на новиот лек нема, затоа што станува збор за истиот лек само од друг производител и дека на тендерот победила фирмата што дала најповолна цена. Оттаму додаваат дека квалитетот на новото лекарство е одличен исто како и цената што ја понудиле и затоа фирмата го добила тендерот.

 Димовска за „Слободен печат“ пак, вели дека промената на лекот носи неизвесност за нејзиното семејство.

Секој втор ден, таа во домашни услови го боцкала Матеј интравенски со рекомбинантен фактор осум. Факторот за Матеј значи живот.

Кога до неа пристигнала оваа информација веднаш замолила во Министерството за здравство да се обезбеди долгоделувачки фактор и за нејзиното дете, затоа што така бројот на боцкања ќе се намали на половина а квалитетот на живот ќе се зголеми повеќекратно.

„Што ќе правиме сега кога на тендер го немаме она што го примавме од 2011 година, веќе 12 години?- прашува Димовска во кореспонденција до Комитетот за хемофилија.

Дополнително таа не е задоволна зашто ѝ било кажано дека стариот лек кој уште го има, ќе се

Директорот на Институтот за трансфузиона медицина доктор Садула Усеини вели дека не постојат никакви проблеми со набавката на новиот лек и дека тој уште во текот на утрешниот ден ќе биде на клиниката како што било и побарано. Според него, медицински не постојат никакви пречки за промена на фирмата бидејќи станува збор за висококвалитетен лек.

Слични објави