Два дена откако Соединетите Американски Држави го ставија актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на црната листа, Гласот на Америка (ВОА) јавува дека и во изјава за медиумот уште еднаш е потврдено дека Јакимовски ја злоупотребил својата јавна функција со мешање во јавните процеси.
Како што пишува ВОА, се однесуваат, меѓу другото, на јавни набавки и урбанистичко планирање, за лична корист и во корист на неговите соработници. Изјавите се на барање на Гласот на Америка на македонски од прес-службата на Стејт департментот, за коментар на изјавата на Јакимовски дека одлуката на САД да го стават на црна листа е „мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата“.
Делот 7031(c) предвидува дека функционерите на странски влади за кои државниот секретар има кредибилни информации за директна или индиректна вмешаност во значителна корупција или грубо кршење на човековите права, не се подобни за влез во САД“, изјавија од Стејт департментот.