Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев предмалку на владина седница е именуван за нов директор на Царинската управа, објави Сител .
Богоев, на местото на директор на Царинската управа ја наследува Славица Кутиров која се повлекува од директорската функција во управата.
Богоев за директор на оваа институција беше споменувам уште пред две години откако не ја доби довербата од партијата за нова кандидатура за градоначалник на Карпош.
„Сме разговарале во партијата за таа можност. Сепак, директор на Царина назначува Владата. Тоа е во ингеренција на централната власт, а јас како дел од локалната не можам да прејдицирам одлуки на Влада“, рече Богоев, одговарајќи на новинарски прашања, пред две години.