Стан под кирија во Белград ПОСКАП од Менхетен – Од цената боли глава

од Вести365.МК Ј.Р.

Растот на цените на криите во соседна Србија, особено во Белград не престануваат да ги шокираат граѓаните.

Но, како што пишува „Нова.рс“, во морето од огласи за станови во Белград, се појави еден на ексклузивна локација – Белград на вода.

Четири соби сместени во „паметен стан“ од 230 метри квадратни ќе ги чинат потенцијалните станари речиси 6.000 евра месечно.

Во споменатиот оглас се наведува дека овој „паметен стан“, луксузно опремен и единствен по квадратура во рамките на комплексот, се наоѓа на 13 кат и се простира на 230 метри квадратни.

Се состои од влезен хол, дневна, трпезарија и кујна, три спални соби, три бањи, две тераси, како и перална.

Станот се наоѓа во станбена зграда во рамките на комплексот Београд на вода, кој е на неколку минути пешачење од шеталиштето Сава, галеријата BW и Белградската кула, која во огласот е опишана како ексклузивност.

Станот има панорамски поглед на реката и стариот дел на градот.

Како што пишува овој медиуми, за оние кои се во потрага по станови за изнајмување, ако случајно не можете да си го дозволите овој стан, има добра вест: цените на становите во другите делови на градот полека паѓаат.

Неколку бранови пристигнувања на руски државјани во Србија минатата година целосно го потресоа пазарот на недвижности, особено кога станува збор за изнајмување станови.

Кириите достигнаа сосема нереални суми, па за време на екот на цените можеше да се изнајми стан од 80 квадрати во Алтина за дури 1.500 евра.

Според експертите за недвижности, тоа веќе не е можно, бидејќи цените веќе почнаа да паѓаат, па станови до 50 метри квадратни сега може да се најдат по месечна цена од 300 до 500 евра.

Слични објави