Осум деца и еден чувар загинаа во пукотницата во основното училиште „Владислав Рибникар“, соопштија за Танјуг во МВР на Србија.
Шест деца и еден наставник од тоа училиште се ранети и моментално се згрижени во Ургентниот центар.
Малолетниот К.К.(14), кој го сторил ова кривично дело, е ученик во тоа училиште и бил пронајден и приведен во училишниот двор.
Како што соопштија од српското МВР, сите полициски сили сѐ уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија.