Српски автобус се преврте во Унгарија, 12 лица завршиле во болница – Тргнале да шетаат за Први мај

Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат 53 во Унгарија, околу 5 часот утринава, кога дури 15 лица се повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград.

Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи.

На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот наводно од непозната причина тргнал во спротивен правец и потоа се превртел со полна брзина.

Според унгарските медиуми, повредени се 15 лица, а 12 се веќе во болница.

Меѓу повредените патници има и две деца, кои исто така се пренесени во болница.

Зоран Саванов, чиј син бил во автобусот кој се превртел во Унгарија, за Телеграф.рс раскажал што се случило.

„Мојот син отиде со својата девојка од Белград во Будимпешта да ги помине таму првомајските празници. Ми се јави околу шест утрово да ми каже дека имале сообраќајна несреќа. Ми кажа дека автобусот им се превртел”, рекол Зоран.

Потоа додаде дека пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот.

„Го скршиле стаклото за да ги извлечат патниците, син ми е добро и неговата девојка. На местото на настанот излегла Брза помош и сопственикот на агенцијата низ која патувале“, вели Зоран.

Како што дознава Телеграф, некои патници се вратиле во Белград и не сакале да го продолжат патувањето, а други чекале нов автобус и го продолжиле патувањето до Будимпешта.

Српските туристи вчера тргнале од Србија за Будимпешта, а планот бил да се вратат на 2 мај.

Слични објави