Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците повикува на протест во петок имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично).
Тие ги повикуваат и студентите да се придружат на протестот во петок од 12:30 часот пред МОН за заедно да издејствуваат подобрување во образовниот систем.
„Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, се соочивме со голем број предизвици за кои вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните“ – посочуваат од ОДАС.
Од „Студентски отпор“ велат дека студентите не се задоволни од негрижата од страна на Министерството за образование и наука (МОН) и непочитување на законските рокови за исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк и стипендија.
https://www.facebook.com/odas.mk/posts/609593457846787