19-годишен маж е уапсен под сомнение дека возел во алкохолизирана состојба, откако автомобил се заглавил во подрумските прозорци на историскиот хотел Френсис во Англија. Противпожарната и спасувачката служба била повикана на местото на настанот пред хотелот на Квин Сквер, Бат, околу 04:45 часот по локално време, пренесува „Би-Би-Си“.
Спасувачката екипа ослободила еден од патниците од возилото „Киа“, додека вториот успеал сам да излезе.
Мажот е ослободен со безусловна кауција додека трае истрагата. Полицијата соопшти дека полицајците би сакале да разговараат со секој што ја видел несреќата, вклучително и со оние кои можеби имаат снимка од камера или мобилен телефон.
Автомобилот остана заглавен, но хотелот е отворен нормално.
Еден член на персоналот во хотелот рече дека подрумот се користел за складирање, а собите за гости не биле засегнати.