Сончево, попладне услови за слаб локален дожд, на планините краткотраен снег

од Вести365.МК Ј.Р.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне на места облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локален дожд, а на планините појава на краткотраен снег.

Од УХМР соопштуваат дека минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во наредните денови, следува период на сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи. Во следните два дена дневната температура ќе биде во благ пораст, а потоа за време на викендот во опаѓање. 

Слични објави