Со 41 глас за, 38 против и еден воздржан, Собранието го одби предлог-законот за амнестија на осудените за „27 април“, односно за насилниот упад во македонскиот законодавен дом во 2017 година.
Со тоа, ова прашање нема ни да дојде на дневен ред пред пратениците.
Против гласаа парламентарците од владејачката коалција, додека „за“ беа пратениците од опозицијата, кои и ја предложија амнестијата.
Следна шанса за осудените на долги затворски казни за кривично дело „тероризам“, е одлуката на Врховниот суд, на која, како што се жалат адвокатите на осудените за „27 април“, се чека повеќе од два месеца.