Смартфон од 1.850 евра распродаден за 10 минути

од Вести365.МК | М.Т.

Минатата недела Samsung го претстави Galaxy Z Fold Special Edition, својот нов телефон на преклопување кој носи бројни подобрувања во однос на сегашниот Fold 6, вклучувајќи поголеми екрани со поудобна резолуција на сликата, потенок профил и главна камера од 200 MP.

Иако овој телефон беше пуштен во продажба само во Јужна Кореја и по не толку ниска цена од околу 1.850 евра, се распродаде со рекордна брзина – за само 10 минути.

Како што пренесува порталот SammyFans, продажбата на специјалната верзија на Z Fold доцнела седум часа, бидејќи на Samsung му требало време да го процени обемот на производството и да одлучи за бројот на уреди што ќе бидат пуштени во првата серија.

Точниот број засега не е познат, но познато е дека многу јужнокорејски трговци и телекомуникациски оператори не го добиле телефонот поради немање залихи.

Слични објави