Скопјанец починал за време на преглед во поликлиника во Аеродром

од Вести365.МК Ј.Р.

Шеесет и едногодишен скопјанец починал за време на преглед во поликлиника во Аеродром.

„Вчера во 17.59 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во поликлиника на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. Излезено е на местото на настанот и извршен бил службен разговор со лекар, при што е констатирано дека при преглед, кој бил претходно закажан, Љ.М.(61) изгубил свест и починал. Лекар констатирал смрт“, информираат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Слични објави