Си Џинпинг: Одлучно ќе го спречиме секој обид за одвојување на Тајван

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска најави дека Пекинг мора одлучно да го спречи секој обид за одвојување на Тајван од Кина, пренесува „Ројтерс“.

На симпозиумот по повод 130-годишнината од раѓањето на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, Си рече дека татковината „мора и неизбежно ќе се обедини“, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Според официјалниот став на Пекинг, кој го поддржуваат повеќето земји, Тајван, кој има своја администрација, е еден од регионите на Народна Република Кина

Слични објави