Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова објави дека синоќа била гостинка на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Таа во објавата на Фејсбук вели дека во пријатна атмосфера воделе разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир.

„Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите“ напиша претседателката Сиљановска Давкова.
Претседателката во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, вчера се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог.
