Сијарто: Националните интереси се самиот клуч за успехот на управувањето со една земја

од Вести365.МК | М.Т.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на почетокот на Форумот Јахорина Инвест истакна дека националните интереси се самиот клуч за успехот на управувањето со земјата.

„Значи, примерот на Унгарија треба да биде водич и за Српска и за Босна и Херцеговина. За тоа е неопходна прилично голема доза на храброст“, рече Сијарто.

Треба да бидеме горди, додава Сијарто, на нашата нација и никогаш да не се откажуваме од националниот суверенитет.

„Ние го спроведуваме она што е во согласност со нашите национални интереси, а што не е, се вклучуваме во дискусија“, рече Сијарто.

Тој потсети дека развојот на унгарската економија трае од 2010 година, бидејќи пред тоа беше речиси уништена.

„Спроведовме два важни стратешки проекти. Најнизок данок на трудот се плаќа во Унгарија, тој е 15 отсто на личниот доход, а 18 отсто на профитот на компанијата и тоа е единствен случај во Европа“, рече Сијарто.

Слични објави