Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка

од Вести365.МК Ј.Р.

Од утринските часови продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак, сооштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата.

Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси: 3 авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми, соопштија од ЦУК.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите населени места во областа Каршијак.

Ќе се продолжи со непрекинато следење на состојбата и интензивна интервенција до целосно стабилизирање на ситуацијата.

Слични објави