Силувачот во скопска Кисела Вода се обиде ладнокрвно да замине по направениот злочин

од Вести365.МК | М.Т.

Повеќе од две минути траел обидот за силување на 30-годишната скопјанка во Кисела Вода, покажуваат видео материјалите до кои дојде порталот „Скопје1“.  Жената како што се гледа на снимката ја спасиле врисоците, и борбата со силувачот. Од снимките се слуша како жртвата извикува: „Помош, пушти ме“, при што случајни минувачи дотрчуваат да и помогнат.

– Единицата за насилен  криминал-Одделение за крвни деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка за кривично дело „полов  напад и силување “ предвидено и казниво по член 186 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ против С.Г. (31) од Скопје затоа што на 05.09.2024 околу полноќ на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30 – годишна жена од Скопје. С.Г. е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението на МВР за овој случај.

Погледнете го видеото

Слични објави