Се скршила едрилица среде Охридско Езеро – четворица спасени

од Вести365.МК Ј.Р.

Четири лица биле спасени од Охридското Езеро во саботата вечерта, откако поради лошите временски услови ја изгубиле контролата врз едрилицата која се скршила. Брзата реакција на полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ спречила трагедија.

Инцидентот бил пријавен на 28 јуни 2025 година во 19:30 часот, кога било соопштено дека од пловен објект, кој се наоѓал на околу 2,5 километри од брегот наспроти авто кампот „Извиднички“, неколку лица повикуваат помош.

– Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои извикувале и барале помош. Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“. Безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект – соопшти СВР Охрид.

Слични објави