Се подготвува тужба за мобингот кој се врши врз вработените на Токсикологија

Внимателно ја следиме состојбата на Клиниката за токсикологија, од каде ни пристигнуваат информации од неколку здравствени работници дека до нив се упатувани закани за откази, притисоци и елементи на класичен мобинг, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Професионалните и чесни здравствени работници да бидат спокојни, ВМРО-ДПМНЕ многу скоро од денес ќе ги исправи овие неправди кон медицинските сестри и другиот кадар на Клиниката за токсикологија кој се соочува со елементи на мобинг. Во моментов, правен тим ги разгледува поплаките од здравствените работници кои пристигнаа до е-маилот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ([email protected]) и се газгледува можноста за групна тужба за мобинг за чинителите. Ќе ставиме крај на дуализмот и самоволието со владеењето на клиниките, а со тоа и деградирањето на медицинскиот персонал. Апелираме дека сите вклучени во овие активности, ќе сносат одговорност, порачуваат од Комисијата.

Слични објави