Aвион на „Tуркиш ерлајнс“ утринава се запали при слетување на главниот аеродром во Непал. Во авионот „Ербас 330“ со 277 патници според првичните информации нема пријавено повредени, но аеродромот поради инцидентот е затворен.
Авионот од Истанбул слета на меѓународниот аеродром „Трибхуван“. По слетувањето на пистата, се појавија оган и чад на десната страна. Патниците беа евакуирани, а екипа за итни случаи реагираше и го контролираше пожарот.