Се врати Врчак (ВИДЕО)

По долга пауза на музичката сцена се врати Раде Врчаковски  – Врчак.

Вчера беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК  со наслов „Посреќна“ , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго време за повторно да се случи овој музички спој.

Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазе.

Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години.

Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година, ова е нивна песна по пауза од скоро една година.

За оваа музичка соработка, Панчо и Андреј, заедно со Врчак пред извесно време престојуваа во српската престолина каде го снимија и видеоспотот за новата песна.

Покрај нив тројца, во видеото улога има и преубавата Елена Ѓоргоска (23), која е член на познатата модна агенција од Милано – „E2 Model Management“, а која одлично си ја заврши својата задача.

Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други…

Слични објави