Семејствата на загинатите од пожарот во Кочани се собраа пред Обвинителството: „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“

од Вести365.МК Ј.Р.

Со транспаренти на кои пишува „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“; „Нема да има толку крв ако сè е по закон“, но и држејќи фотографии од своите починати деца, родителите на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани денеска точно напладне се собраа пред зградата на Јавното обвинителство на РСМ за најавениот „Марш на ангелите“, објавија од порталот 360 степени.

Дел од нив влегоа во зградата на Обвинителството откако вчера оттаму упатија повик да дојдат и да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка.

Еден од родителите присутни на маршот ги обвини надлежните од Обвинителството дека се партиски луѓе и посочи дека за трагичната несреќа се виновни сите досегашни партиски структури во државата.

„Сите да си дадете оставки и да се тргнете од удобните фотелји“,

повика Владимир Апостолов, родител на настрадано дете во пожарот и обвини за партиски влијанија кај дел од родителите што влегоа на состанок во Обвинителството.

Фото + видео.

Слични објави