СДСМ со реакција дека Мицкоски ја криел средбата со Главчев, ВМРО-ДМПНЕ нагласува дека нема тајни средби на јавен настан

од Вести365.МК Ј.Р.

Опозициската СДСМ денеска преку сооппштение реагира дека премиерот Христијан Мицкоски ја криел средбата со премиерот на Бугарија Димитар Главчев, која ја оствари на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон, додека ВМРО-ДПМНЕ, пак возврати дека нема тајни средби на јавен настан.

-Поминаа 14 часа откако бугарскиот премиер Главчев на долго и на широко раскажа за средбата со Христијан Мицкоски пред медиумите, а Мицкоски никаде го нема да ги соопшти ставовите од таа средба. Покрај протоколарните убави зборови, Главчев јасно ги повторилпозициите на Бугарија дека обврските за Северна Македонија остануваат. Дали Мицкоски го крие разговорот и се срами да соопшти како поминале неговите барања? Дали воопшто ги поставил барањата за промена на преговарачката рамка? Дали било што од ветувањата кои ги даде пред граѓаните во кампањата го покренал како прашање? Или повторно, по веќе не знаеме кој пат од преземањето на власта, си ја подвиткал опашката?, се наведува во соопштението на СДСМ.

Според партијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го искористат Самитот за зајакнување на македонските позиции во однос на Бугарија и Грција, но и други важни средби.

-Засега се што добивме се многу насмеани селфи фотографии од министрите, една веќе постоечка инвестиција и никаков успех на дипломатски план.  ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека ништо од ветеното не планира да реализира ниту има капацитет за тоа, се додава во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, со одговор дека СДСМ објавува глупави соопштенија, во кои  тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер и додава дека нема тајни средби на јавен настан

-Глупави се соопштенијата на СДС каде наводно се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер Главчев. Нема тајни средби на јавен настан пренесуван во живо.СДС не треба да се грижи поминаа времињата кога премиерот Заев служеше за потсмев на меѓународна сцена додека тој самиот ја виткаше кичмата на Македонија и потпишуваше се што му ставаа на маса само за да го покрие криминалот на бате Вице  и неговите блиски пајташи. Неговиот по криминал брат Филипче сега ја продолжува таа практика но за среќа прочитани се. Тие се грдото лице на едно поразено бреме, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Слични објави