СДСМ: Падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски

од Вести365.МК Ј.Р.

Падот на Александар Вучиќ на изборите, според опозицискиот СДСМ, ќе отвори истраги во Србија кои ќе доведат до разврска на сите криминални соработки меѓи српските власти и премиерот Христијан Мицкоски. Ова на денешната прес-конференција го изјави портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска.

Опозиционерите изнесоа серија обвинувња за криминални тендери, енергетски бизниси, бизнис-мрежи и влијанија во медиумскиот и политичкиот простор.

„Доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност. За криминалните тендери. За Адамовиќ, Руднап, Божиновска, бизнис мрежите на Мицкоски што водат до Србија. За бизнисите со струја, енергетика, броила. Јасно е зошто 5 тони дрога поминуваат преку граница и завршуваат кај СНС во Србија, а никој не одговара. На сите им е јасно зошто Алта банка влезе во Македонија, а беше запрена во Европа.  Истата матрица, истиот шаблон. Copy-paste во Македонија. Истиот црн капитал се вложува во истата банка“,велат од СДСМ.

Обвинија и дека во дел од медиумите се води црна кампања против СДСМ и Венко Филипче, а споменуваат и наводни врски со медиумски структури, српски медиумски групации и онлајн мрежи за политичка пропаганда.

СДСМ обвинува и дека по примерот во Србија, во земјава се прават партии-сателити кои, според нив, имаат за цел да го поделат опозицискиот глас. Како примери ги посочуваат ЗНАМ, платформата „Разговори за иднината“ и Левица, за кои тврдат дека се дел од политички модел сличен на оној што го поврзуваат со Вучиќ.

„Позади сето ова стои една криминална организација. Нејзиниот дел во Македонија е ВМРО – организирана криминална група, а шефот на македонската банда е Мицкоски. Следат разврски, истраги и расчистување со криминалната организација. Сите тие разврски ќе завршат и во Македонија со соработниците на Мицкоски“,велат од СДСМ.

Слични објави