СДСМ објави 19 имиња на кандидати за градоначалници

од Вести365.МК Ј.Р.

Извршниот одбор на СДСМ синоќа ги сподели имињата на 19 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Како што соопшти партискиот лидер Венко Филипче, за општина Центар кандидат е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром д-р Александар Трајановски, за Ѓорче Петров – Костадин Ацевски – претседателот на ОО на СДСМ, за Крива Паланка – актуелниот градоначалник Сашко Митовски.

Утврдени се кандидати и за Чучер Сандево, Берово, Лозово, Чешиново Облешево, Богданци, Дојран, Могила, Неготино, Крушево…

„Кандидатите се избрани врз основа на најавените принципи, со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои имаат кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата – некои првпат, некои повторно“, рече Филипче.

Тој најави дека во наредните недели ќе ги објават имињата на кандидатите и за останатите општини.

Слични објави