Христијан Мицкоски продолжува со својата пракса да нема став за секое прашање што е од национална важност. Со недели Мицкоски не дава одговор и не им кажува на граѓаните што одлучи, дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане изолиран со Димитар Апасиев во антиевропскиот блок, велат од СДСМ.
Тие додаваат дека наместо тоа Мицкоски како по обичај реши да пласира нови лаги, нови небулози со кои се обидува да ја лаже македонската јавност.
– Лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират одново ќе бидат демантирани пред јавноста и ќе пропаднат како и сите претходни, Мицкоски треба да знае дека блокада на европскиот пат освен што значи загрозување на иднината на земјата, на меѓународните позиции на државата, негативно ќе влијае и на односите со САД. Но на крајот, сите негови деструктивни обиди повторно ќе бидат поразени, посочуваат тие.