СДСМ е подготвена за предвремени избори, тврди Филипче

од Вести365.МК | М.Т.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција порача дека неговата партија е спремна за предвремени парламентарни избори. Тоа што има таква најава само неколку месеци по формирањето на Владата е доказ дека на Владата не ѝ оди добро, смета претседателот на најголемата опозициска партија.

-Спремни сме за било какви избори, од денеска натаму. Теренска анкета покажува дека 65% од граѓаните не се задоволни од работата на Владата и нејзините политики, рече Филипче, додавајќи дека очигледно владините коалициски партнери ВЛЕН и ЗНАМ имаат преполовена поддршка и маргинализирана улога во Владата.

Според Филипче, СДСМ на секој следен циклус на избори ќе настапи многу поорганизирано и многу поуспешно.

Филипче нема информација дека лидерката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова дека има намера да се приклучи на владеачкото мнозинство. Тврди дека Зајкова доаѓа на координацијата на пратеничката група на СДСМ и тврди дека најавите кои што беа во јавноста се шпекулации.

Премиерот Христијан Мицкоски прифаќа да има предвремени парламентарни избори. Тврди дека Владата се бори да го избрише срамот и коленичењето на нејзините претходници во Брисел и побара СДСМ да се огради од досегашните криминали.

„Ако сакате да одиме на избори, да се провериме заедно со локалните (избори), може да одиме. Ако сакате, одма сега да ја договориме работата. Но, да не се удавите во длабокото, каде што ве носат“, кажа Мицкоски пред неколку дена во Собранието, на седницата на пратенички прашања.

Слични објави