Со пет активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – остануваат целосно надвор од контрола.
Сателитски снимки од областите погодени од овие пожари пред и по катастрофата го откриваат обемот на уништувањето.
Заедно, пожарите на Итон и Палисадес изгореа речиси 26.400 хектари земја, што дополнително го илустрира обемот на трагедијата што ги снајде жителите на Лос Анџелес.