Руски брод маневрира во близина на Албанија – Италија ги подигна своите авиони

од Вести365.МК Ј.Р.

Тензијата меѓу Русија и западните земји не е ограничена само на украинското бојно поле, туку се игра и во длабочините на Средоземното Море.

Со месеци аналитичарите со загриженост ги следеа се почестите и провокативни маневри на руските бродови во Средоземното Море, но во последните часови ситуацијата станала уште понапната, толку многу што Италија ги подигнала своите авиони П-72 кон небото за да ја следи ситуацијата од горе.

Двата руски бродови се лоцирани меѓу Калабрија и Крф, на неколку километри од албанскиот брег.

Едниот е дојден од Атлантскиот Океан, се работи за бродот „Кола“, додека другиот е брод-корвета за лансирање на ракети кој се наоѓал во руската база Тартус во Сирија.

Како што пренесува италијанскиот весник Ла Република, аналитичарите велат дека најверојатно бродовите внимателно го следеле американскиот носач на авиони Џон Буш, кој моментално се наоѓа во водите на Јадранското Море, меѓу бреговите на Пуља во Италија и Албанија.

Малку подолу, во близина на Сицилија, со недели кружат уште два руски бродови, еден од нив е борбениот брод „Адмирал Касатанов“, еден од најмодерните во руската флота.

Пред неколку месеци слична епизода се случи токму на просторот каде минува Трансатланскиот гасовоид (ТАП), кој минува низ Албанија и ја заобиколува Русија.

Со ова Москва испраќа силна порака од Москва, дека водите на Медитеранот можеби повеќе нема да бидат мирни како што сме навикнати, пишува Си Ен Ен.

Слични објави