Ига Швјонтек, најдобрата светска тенисерка и шампионка во Париз од 2020 и 2022 година, ќе игра ново финале на Ролан Гарос. Вечерва, во два сета, таа ја победи Беатриз Хадад Маја и ќе се судри со изненадувањето Каролина Мухова за пехарот.
Швјонтек славеше со 6-2, 7-6, осигурувајќи си место во финалето на турнирот. Иако лесно го освои првиот сет, во вториот сет наиде на поголем отпор и тајбрејкот го доби со 9-7. Хадад Маја беше на два поени до освојување на сетот, но загуби поен на свој сервис при резултат 7-7, па така Швјонтек го заврши полуфиналето со победа.
Во другото полуфинале, Каролина Мухова направи вистинска сензација, и во три сета ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка. Мухова, е 43-та тенисерка во светот, и по три часа и 13 минути на големо изненадување ја победи Сабаленка, па во финалето влегува како аутсајдер. Ова ќе биде нејзиното прво гренслем финале, а во кариерата до сега има само еден ВТА-трофеј.
Со пласманот во финалето, Швјонтек ја задржува првата позиција на ВТА ранкингот. Финалниот дуел ќе се одржи во сабота.