Речиси половина од градската зона Бахмут е под контрола на руската пешадија

од Вести365.МК Ј.Р.

Четириесет отсто од Бахмут е веќе под контрола на руската пешадија.

Припадниците на групата Вагнер ги турнаа украинските сили во центарот на градот, додека руските сили ги контролираат источните, северните и јужните делови на Бахмут, пренесува Спутник.

Украинските сили се во активна оперативна средина, а речиси сите линии за снабдување се под оган од руската артилерија.

Во градот има од 10.000 до 12.000 украински војници, меѓутоа, официјален Киев нареди повлекување на силите на позициите во Часни Јар и во правец на Славјанск, пренесоа руските медиуми.

Слични објави