Бројот на жртви во катастрофалниот пожар што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонг Конг минатата недела повторно се зголеми, пренесува Еј-би-си Австралија.
Локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата, наведуваат дека досега се пронајдени телата на 146 лица, што е значително повеќе од претходно објавените 128.
Спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат пожарите во станбените кули, а Шук-јин Цанг, раководител на полициската единица за идентификација на жртви, рече дека околу 100 лица сè уште се водат како исчезнати.
Пожарот се проширил низ седум од осумте кули и бил целосно изгаснат дури во петок наутро. Полициските екипи досега успеале да ги пребараат четирите најтешко погодени згради, а потрагата по жртвите сè уште е во тек.