Распишана потерница по Исмет Гури

Распишана е потерница по поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, потврдуваат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје.

Гури, најпрво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми, откако во јули минатата година беше уаспен заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама.

 Гури не бил пронајден од полициски службеници на адресата на која издржувал домашен протвор.

Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

Слични објави