Радев со порака до Пендаровски: БУГАРСКАТА ДЕПОРТАЦИЈА НА ЕВРЕИТЕ Е МАНИПУЛАЦИИЈА И ЛАГА

од Вести365.МК Ј.Р.

Бугарскиот претседател, Румен Радев, му порача на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, да се држи до историската вистина. Пораката доаѓа откако по повод 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи, Пендаровски ја повика Бугарија да се извини за нејзиното учество во депортирањето на 7.144 евреи во логорите на Треблинка.

„Интересот на претседателот на Северна Македонија за историјата е за пофалба, но тој треба да се потпира на историската вистина. Политичарите во соседната земја се должни на своите граѓани да им ја кажат вистината за нивната историја која една деценија е обвиена со манипулации и лаги. Вистината за еврејското прашање. Вистината за гонење и репресија на македонските Бугари“, рече Радев.

Радев порача и дека од односите меѓу двете земји зависи европскиот пат на Македонија.

„Јас верувам дека иднината на Република Северна Македонија, нејзината европска иднина, бара односите со Бугарија да бидат ослободени од идеологијата на тоталитаризмот за да можеме да имаме вистински полноправен дијалог“, додаде тој.

Слични објави