Пуштен од притвор еден од осомничените за убиството во „Шиша бар“, добил мерки за претпазливост

Осомничениот за двојното убиство во „Шиша бар“ кој беше во притвор од јуни доби мерки за претпазливост наместо притвор. Од Обвинителството посочуваат дека тој е осомничен за помагање при сторување на кривично дело, па затоа и не е неопходно обезбедување на присуство.

„Со оглед на тоа што во моментов притворската мерка не е неопходна за обезбедување на неговото присуство, јавниот обвинител согласно своите законски надлежности предложи таа да биде заменета со мерки на претпазливост“, велат од ОЈО.

Надлежниот обвинител проценил дека не постои ризик заради кој осомничениот мора да биде обезбеден со мерка притвор, а мерката била заменета со полесна затоа што обвинителот има обврска да го стори тоа во моментот кога притворот не е неопходен.

Истрагата за двојното убиство во „Шиша бар“, каде на 6 март годинава лице место беа убиени Јетон Кривањева – Жила и Енес Исени се уште трае. Едниот од осомничените е оној кој доби полесна мерка, додека пак лицето кое го купило автомобилот „Ауди“ е се уште во притвор.

Слични објави